Луѓето убедени во ефективноста на оваа терапија тврдат дека само со движењето на очите од лево кон десно 25 -30 пати може да ги намали лошите сеќавања и со тоа да направи да се чувствувате подобро. Доколку истото се изведува со обучен психолог до 40 пати во една сесија од еден час, би можело значително да ви го промени животот кон подобро, тврдат експертите.

„Мемориите се процесираат врз основа на претходно искуство и потоа се асимилираат“ објаснува д-р Робин Лоџи. „Ние учиме од сеќавањата: жешките нешта не ги кревате, некои видови храна се избегнуваат. Сите овие сеќавања се складираат и во целина сеќавањата од одамна бледнеат. Но, доколку сте имале лошо искуство, негативното сеќавање е замрзнато во времето. Наместо да избледнее, тоа останува живо како во денот кога се случило. Не било обработено како што треба.“

Мозочните скенирања шокажуваат дека кога ќе се случи трауматичен настан, има зголемена активност во делот на мозокот кој ги складира сеќавањата поврзани со звук, допир и мирис, но не и во рационалниот преден дел на мозокот кадешто се случува размислувањето. Значи, траумата се чува во мозокот како жива слика, сензација и звук, којашто не бледнее и потоа има непропорционално влијание врз последователното однесување. Секој има некакво лошо искуство од животот, а со тоа и непријатни сеќавања. Франсин Шапиро, која го основала овој вид на терапија, вели дека има 10 до 20 непроцесирани сеќавања одговорни за поголемиот дел од болката во нашите животи.

sk01

Овој нов вид на терапија, наречен EMDR (Eye movement desensitization and reprocessing – десензибилизација и повторна обработка со движење на очите) е засновано врз принципот на ставање на лошите сеќавања на нивното вистинско место. Тие коишто го проблае, како 38-годишната Хана Купер, не можат да го изнафалат.

„Имаше некои мали нешта што не беа како што треба. Бев нервозна и избувлива кон мојот сопруг. Се чувствував многу уморна и депресивна.“

Хана, која и порано имала проблеми со депресијата, се консултирала со нејзиниот психолог д-р Александара Ден, којашто ѝ препорачала да се обиде со ЕМДР. По првите три сесии, Хана идентификувала некои заглавени сеќавања.

„Мајка ми го исфрли татко ми низ вратата и по него фрли чаша. Таа чаша му ја дадов за Денот на таткото и на неа пишуваше `тато`.“

sk02

Секогаш кога ќе помислела на тоа, Хана чувствувала мачнина и напнатост. За време на четвртата сесија започнале да ги десензибилизираат сеќавањата со движење на очите. Ова започнува со фокусирање на клучните аспекти на сеќавањето, следејќи го движењето на прстот од лево кон десно во правилни временски интервали, при што пациентот се прашува што забележува.

„Не го забележав движењето на раката“, вели Хана. „Бев преокупирана со преживувањето на тоа сеќавање, кое беше толку интензивно што можев да ја почувствувам колонската вода на таткоми.“

Потоа Хана почувствувала големо олеснување. „Сега се чувствувампозитивно и луѓето ја забележуваат мојата среќа.“

Како бил откриен овој метод. Психологот Франсин Шапиро минувала низ тежок личен проблем. Забележала дека како што ги движи очите од една страна кон друга, вознемирувачките мисли бледнееле без некој свесен напор. Ја терстирала оваа теорија така што намерно мислела на ужасни нешта додека ги движела нејзините очи, и се случило истото. Овој метод зад себе има значителен корпус на научни истражувања кои ја потврдуваат неговата ефикасност.

Сподели на Facebook
пати видено