По 12-неделни тестирања, 95 отсто од пациентите кои учествувале во тестирањата имале 0 траги на HCV во нивното тело. Лекарствата кои вообичаено се препишуваат за хепатитис С, софосбувир и ледипасвир, се скапи и често предизвикуваат странични ефекти, но кога кратко време се земаат заедно, се чини дека се совршен третман за опасната пренослива болест која што е распространета низ Африка и Азија.

хц

Според нова студија, 6-неделната програма на лекување во која биле вклучени 20 пациенти, комбинацијата од овие лекарства резултирала во изворедна стапка на успешно лекување на хепатитисот. По дополнителни 12-недели, 95 отсто од пациентите кои учествувале во тестирањата биле целосно излечени.

Болните од хепатитис С многу ретко покажуваат рани симптоми, како резултат на што болеста многу бргу се раширила пренесувајќи се на над 200 милиони луѓе низ целиот свет. Луѓето можат да се заразат преку сексуален контакт или преку споделување игли, а нелекувањето може да донесе тешки последици за организмот. Бидејќи тестирањата се покажале толку успешни, истражуваите имаат намера да го продолжат истражувањето со поголем број на субјекти, со цел да се развие идна вакција со која би се спречило заболувањето.

Се разбира, поради тоа што овие лекови се скапи и можат да имаат опасни странични ефекти, силно се препорачува тие да се употребуваат во согласност и под надзор на стручно лице, како и употреба на комплементарни и холистички терапии. На пример, високите дози на витамин С се покажале како ефикасни во лекувањето на болеста.

Сподели на Facebook
пати видено