Наставниците во Велика Британија се жалат на новиот систем на оценување кој ги присилува да употребуваат розови пенкала за забелешките и оценките во писмените работи, бидејќи розовата била „помалку агресивна“ од црвената боја. Овој бизарен систем почнал да се применува од некои директори кои веруваат дека розовата боја е понежна и ќе направи децата помалку да чувствуваат како неуспешни.

ns01

Многумина исто така ги тераат наставниците да употребуваат до шест различни бои на пенкала со цел на учениците да им даваат „поразновидни“ оцени. На пример, во едно училиште се советува наставниците да употребат зелено пенкало доколку сакаат да ги охрабрат учениците. Се смета дека овој систем е инспириран од „Оценувањето е значајно“ – водич издаден во 2011, но повлечен минатата година.

Но, наставниците не се согласуваат. Крис Китс, генерален секретар на унијата на наставници вели: „Премногу училишта се обидуваат да наметнат режими коишто учениците и наставниците ги сметаат за ограничувачки. Наставниците се подложуваат на диктати кога да оценуваат, како да оценуваат, па дури и која боја на пенкало да употребуваат.“

ns02

Мајкл Парсонс, кој предава во основното училиште Роут Парк во Кардиф, споделува дека во неговото училиште се уотребува розово и зелено за оценување. „Зелено за растеж и розово за напредок. Да бидам искрен, на мене ова ми е без врска…И знам дека и на учениците им е без врска.“

Наставниците во Британија се жалат дека новиот систем на оценување им одзема премногу дополнително време и ги спречува од вистинската наставна работа.

Сподели на Facebook
пати видено