Според Националниот совет за безбедност, секоја година во САД, 1,6 милиони несреќи, се предизвикани од пишување на мобилниот телефон додека се вози. Тоа е 1 од секои 4 несреќи. Прашањето е, ако знаеме колку е опасно и потенцијално фатално допишувањето преку телефонот додека управуваме со возило, зошто да не го запреме тоа?

Наскоро сите автомобили ќе бидат во можност да Ве примораат да го оставите мобилниот додека управувате со возилото, бидејќи истражувачите на Универзитетот во Ватерло имаат развиено алгоритми кои користат камери и вештачка интелигенција (ВИ) за да откријат кога возете на расеано – вклучително и кога го користите Вашиот телефон. Овој систем може да открие знаци на невнимание, што може да биде предизвикано со испраќање пораки или разговор на телефонот, посегнување на задното седиште или било што друго што предизвикува промена во положбата на главата и лицето. Оваа студија се базира на претходните истражувања кои имаат за цел да препознаат уморно возење, што може да предизвика прекумерно треперење, проѕевање и др. кај возачите.

Истражувачите се надеваат дека додека целосно да се воведе „авто-пилотот“ во модерните автомобили ќе почне да се вградува и овој софтвер кој може да помогне да се заштити животот на возачот и на сите оние кои се внатре во автомобилот.

Автономните карактеристики во возилата го земаат најопасниот фактор во возењето од равенката: човечка грешка. Некои проценки тврдат дека десетици илјади животи можат да се спасат секоја година со имплементација на авто-пилот автомобили. Сеуште не можеме целосно да се откажеме од нашите одговорности зад воланот за да го користиме телефонот: Во оваа рана фаза на автономни возила има сива област каде што возилата ќе имаат некои автономни способности, или само неколку скапи автомобили кои ќе имаат целосен авто-пилот. Ние нема да можеме да се префрлиме целосно на автомобили без возачи веднаш.

Во меѓувреме, автомобилите може да го користат овој софтвер за да ги откријат грешките и да го преземат возењето ако ситуацијата стане несигурна.

Сподели на Facebook
пати видено