Овој пронајдок се нарекува BiWa, скратено од Bike Washing Machine (велосипед машина за перење), и претставува статичен велосипед дизајниран од студенти на кинескиот универзитет Делиен Нашионалитис. Со вртењето на педалите се врти барабанот и се создава електрицитет кој го напојува мониторот, а вишокот електрицитет се складира за идна употреба во батеријата.

„Велосипедот машина за перење ги комбинира статичниот велосипед и машината за перење, па така ќе можете во исто време да ја перете вашата облека и да вежбате“ – гласи официјалниот опис на овој дизајн. Значи, ете дополнителна мотивација за дамите кои сакаат секогаш да се во форма.

vl01 vl02 vl03 vl04 vl05

Сподели на Facebook
пати видено