Новиот проект на Гугл е насочен кон помагањето на домаќинставата да бидат што е можно понезависни од електричната мрежа. Проектот е наречен „Проект Сончев покрив“, и ќе функционира со помш на Гугл Мапс. Може да пресмета колку сонце добива вашиот покрив и колку би можеле да заштедите ако поставите соларни панели.

project-sunroof-1

Според Гугл, Пректот Сончев Покрив пресметува како да генерирате близу до 100 проценти од електрицитетот кој ви е потребен, врз основа на големината на покривот, количеството на сончева светлина кој го добива вашиот покрив, при што се зема предвид и сенката од блиските објекти како дрвја и згради, можните положби на сонцето, температурата и облачноста на областа, како и износот на вашата месечна сметка.

Од Гугл објаснуваат дека како што инсталираето на соларни панели станува сѐ поевтино, се повеќе домаќинства се решаваат на тој чекор како можност за намалување на сметката. Сега за сега ова е можно само за жителите на Бостон, Сан Франциско и Фресно. Наскоро ќе биде покриен и остатокот од САД, а потоа следува и целиот свет.

Сподели на Facebook
пати видено