Норвешки политичар, когошто барател на азил од Сомалија го силувал во неговиот сопствен дом, вели дека се чувствува виновен затоа што неговиот напаѓач е депортиран назад во својата земја. Карстен Нордал Хаукен вели дека по силувањето неговиот живот бил уништен, се оддал на алкохол и марихуана, но сепак се чувствува одговорен за несигурната иднина која го очекува неговиот силувач во неговата родна земја.

np

Силувачот бил депортиран во Африка откако ислужил четири и пол години затвор во Норвешка. Невообичено хуманиот политичар го раскажал својот случај за документарен филм на норвешка телевизија. Објаснил дека нападот резултирал со години депресија, осаменост и изолација.

„Почувствував олеснување и среќа што него засекогаш ќе го снема од Норвешка“, вели тој, „но во исто време почувствував и чувство на вина и одговорност, бидејќи јас сум причината за тоа што тој повеќе нема да може да живее во Норвешка, и наместо тоа ќе биде пратен во мрачна и несигурна иднина во Сомалија“.

Тој вели дека не чувствува гнев кон човекот кој го силувал, и наместо тоа тој на него гледа како на „производ на еден неправеден свет“.

Сподели на Facebook
пати видено