Експертите сѐ уште не се сигурни што биле светлите објекти кои во вторник вечерта прелетале на небото над југозападниот дел од САД. Објектите налик на метеор прв пат биле видени во Лас Вегас, а подоцна и во Калифорнија и Аризона, по што многумина споделиле слики со нив на социјалните медиуми.

Патната патрола на Невада излегла да го истражи случајот откако биле известени дека еден од објектите се срушил во Маунтин Спрингс, но кога дошле на местото на настанот, не нашле ништо. Официјални претставници од аердромот Меккаран изјавиле дека дефинитивно не се работи за авиони. Тогаш што било тоа што се видело на небото?

nl02

Боб Пипин, директор на планетариумот во колеџот на Јужна Невада изјавил дека најверојатно се работи за метеори или за вселенски отпад. Д-р Ед Круп од опсерваторијата Грифит во Лос Анџелес верува дека најверојатно станува збор за метеор.

nlo01

„Тоа што луѓето го виделе најверојатно бил крајно вжештен зрак воздух од страна многу мал интерпланетарен отпад, нешто со големина на камче“, изјавил тој. „Кога ќе влезе во нашата атмосфера со висока брзина, тоа неверојатно се вжештува и го вжештува и воздухот околу него, и светлосен траг го гледате сѐ додека целосно не изгори. Тие кои го виделе биле среќни. Тоа се спектакуларни глетки и не би сакале да ги пропуштите.“

На крајот било јавено дека станува збор за отпад од руска ракета кој повторно влегол во земјината атмосфера.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено