Поробувањето на човечки суштества било дел од човечката цивилизација уште пред пишаната исторјиа, и постоело низ многу култури. Робовскиот труд овозможил голем профит и бесплатен труд за некои од најмоќните општества во историјата, при што некои од најголемите градови во светот биле изградени на грбот на робовите.

Еве неколку примери за градови кои биле изградени со робовски труд.

Атина

rb01

Атина, еден од доминантните градови-држави во античка Грција, одржувала бројна популација на робови, кои ги користела главно како домашни слуги и полски работници. Иавесен број од нив бил присилен да работи во рудниците и каменоломите, со што биле обезбедени материјалите употребени за главните градби на градот.

Спарта

rb02

Од сите древни градови држави, Спарта е еден од тие со најголем број на робови, заробени од другите градови за време на воените кампањи на оваа воинствена заедница. Всушност, робовите или „хелотите“ биле искористувани за секаква физичка работа бидејќи физичкиот труд од страна на воините на Спарта се сметал за недостоен.

Дубаи

rb03

Дубаи е еден од најекстравагантните градови во Обединетите Арапски Емирати, со многу масивни згради изградени од работници мигранти. Мнозинството од нив доаѓа од Индија, Пакистан и Бангладеш за да работи на екстремни температури во пустина, при што мнозинството од нив заработуваат помалку од 200 евра месечно. Третина од таа сума ја трошат на храна, а многумина склучуваат договори за вработување со посредници во нивните држави, со што многу години остануваат задолжени.Нивните пасоши се задржувани од страна на работодавачите штом ќе стапнат во Емиратите, и ако сопствениците на нивната компанија си заминат, работниците остануваат напуштени без никакви документи ниту плата. Организациите за човечки права жестоко ги критикувале Обединетите арапски емирати поради современото ропство. Над две третини од населението на Дубаи се мигранти работници, со 1.1. милион од нив кои работат во градежништвото.

Њу Орлеанс

rb04

Во еден дел од својата историја, Њу Орлеанс бил сметан за центар на богатството и културата на југот на Америка, конкурирајќи му на Њујорк како еден од најпросперитетните градови на новиот континент. Но, ова се должело пред сѐ на профитот остваруван со трговијата со робови, како и на робовскиот труд. Њу Орлеанс продолжил да опстојува како најголемиот паззар за робови дури и по забраната на ропството.

Вол Стрит во Њујорк

rb05

Иако не бил директно изграден од робовска рака, раната историја на Њујорк е тесно поврзана со ропството, при што многу фирми на Вол Стрит, како Џеј Пи Морган Чејс, Њујорк Лајф и Лиман Брадерс ги натрупале своите богатства инвестирајќи во трговијата со робови. Всушност, Њујорк бил еден од градовите на Северот кои се залагале за останување на ропството, пред тоа да биде укинато.

Вилијамсбург, Вирџинија

rb06

Во Вилијамсбург, поранешниот главен град на Вирџинија, повеќето од јавните згради биле изградени со робовски труд, и практично секоја зграда од осумнаесеттиот век е иаградена со робовски раце.

Вашингтон

rb07

Многу познати градби во главниот град на САД кои денес ја симболизираат слободата – биле изградени од рацете на робовите грабнати од Африка – вистинска иронија на судбината. Дури и Капитол и Белата Куќа делумно ги изградиле робови.

Сент Августин, Флорида

rb08

Кога шпанските колонисти ја населиле Флорида во седумнаесеттиот век, тврдините, многу јавни згради, мостови и крајбрежни ѕидини биле изградени од робовите од Африка.

Но, не и Египет

rb09

И покрај општоприфатеното верување дека огромните споменици и градови во древен Египет, вклучително и големите пирамиди во Гиза, биле дело на робовски труд, сепак тоа не било така. Иако грчкиот историчар Херодот пишува за користење на робови при изградбата на пирамидите, современи археолошки откритија покажуваат дека биле најмувани работници од северен и јужен Египет на коишто им било плаќано за нивниот градителски труд, па дури им биле оддавани почести со погребувања во гробници во близина на огромните древни градби. Старите Египќани поседувале робови, но тие претежно биле користени како слуги и за земјоделски работи.

Најтажното сепак е тоа што и во 21. век ропството не е укинато, туку е заменето со пософистициран вид на ропство.

Сподели на Facebook
пати видено