Две групи експерти утврдиле дека во јужните предградија на Париз се населиле волци, кои завиваат во доцните нони часови. Во главниот град на Франција често се среќавале урбани лисици, како и во многу други европски градови, но во последните години парижаните се исправени пред поголем предизвик во лицето на на поголемиот и поагресивен роднина на лисицата – волкот.

vl01

Во минатото во Француските Алпи и Централниот Масив со векови живееле волци, но биле доведени до точка на истребување во 1930-тите. Поради тоа, како загрозен вид биле ставени под специјална заштита и нивниот број се зголемил, при што се рашириле низ Франција и се спуштале сѐ поблизу и поблизу до Париз. Минатата година бил забележан волк самотник на 320 километри од париз, но експертите истакнуваат дека волците се способни да пропатуваат и до 500 километри дневно. Така сега тие се забележани и слушнати и во самиот главен град.

vl02 vl03

Мањуе Атман, претседателот на Алијансата за надгледување волци изјавил за локалните медиуми: „Сигурни сме дека уште од април минатата година кружат три волци, една двојка и еден волк самотник.“

Според ова здружение, волците слободно скитаат низ париските департмани Есон и Ивлин, кои се наоѓаат на јужниот и западниот дел на градот, како и во Сен е Марн, кој се наоѓа на исток.

Сподели на Facebook
пати видено