Според фолклорот, Наполеон го надоместил својот недостаток на висина, барајќи моќ и водејќи војна. И една неодамнешна студија тврди дека ниските мажи се поагресивни од нивните повисоки „конкуренти“.

Според една нова студија спроведена од страна на научниците во Центарот за контрола на болести во Атланта, Џорџија, пониските луѓе имаат тенденција да бидат полути и поагресивни од оние кои што се високи.

Научниците забележале 600 мажи, на возраст меѓу 18 и 50 години, и утврдиле дека оние кои се чувствувале помалку мажествени имале 3 пати поголеми шанси да извршат насилнички напади или кривични дела. Научниците велат дека ова е резултат на „стресот на машките разлики“ што предизвикува да бидат поагресивни.

Поради општествените стереотипи, еден од начините на кој мажите се чувствувале помалку мажествени е кога почувствувале дека нивната висина е помала од просекот. Научниците велат дека пониските мажи дејствуваат поагресивно за да го надоместат својот недостаток на висина. Овој синдром е популарно познат како „Наполеонов комплекс“. Првпат бил идентификуван во 1926 година од страна на австрискиот психоаналитичар Алфред Адлер.

Во 2018 година, еволутивниот психолог Марк ван Вугт и неговиот тим на истражувачи од универзитетот Врие во Амстердам откриле докази за комплексот на Наполеон кај мажите. Тие дошле до заклучок дека мажите кои се ниски се однесуваат поагресивно во интеракции со повисоки мажи. Според експертите, пониските луѓе имаат посилни чувства на ранливост и повисоки нивоа на параноја.

Сепак, многу е веројатно дека самата студија вклучувала тест група која била премногу мала за да ја предвиди точната корелација помеѓу висината и агресијата. И имало други студии кои довеле до контрадикторни наоди, исто така. Во 2007 година, истражувањата на Универзитетот во Централен Ланкашир сугерирале дека „Наполеоновиот комплекс“ е мит.

Оваа студија откри дека ниските мажи имаат помала веројатност да го изгубат темпераментот отколку мажите со просечна висина. За време на експериментот, субјектите биле задолжени да одат на дуел и нивната срцева фреквенција била надгледувана. Набљудувањето покажало дека поверојатно е дека повисоките мажи ќе го изгубат трпението и ќе го удрат противникот.

Студијата за раст во Весекс спроведена во Велика Британија, која го следи психолошкиот развој на децата од времето кога тие започнуваат со училиште па до зрелоста, откри дека „не се пронајдени значителни разлики во функционирањето на личноста или аспектите на секојдневниот живот што би можело да се припише на висината“.

Па, што мислите? Дали посниските луѓе се поагресивни или повисоките луѓе полесно го губат темпераментот? Или мислите дека височината нема врска со темпераментот на лицето?

Сподели на Facebook
пати видено