Зарем е можно да го сторил тоа? Да, во едно интервју за списанието Колер во 1926 година, Тесла во основа ги опишува денешните смартфони, комуникациски уред „толку едноставен, што би можеле да го носиме во внатрешниот џеб“. Еве го тој дел:

„Кога ќе се примени бежичната технологија, целата земја ќе биде претворена во огромен мозок, што всушност и е, со оглед на тоа дека сите нешта се дел од реална и ритмична целина. Ќе можеме брзо да комуницираме еден со друг, без оглед на оддалеченоста. Не само тоа, туку преку телевизијата и телефонијата ќе можеме да се гледаме и слушаме едни со други толку совршено како кога би биле лице в лице, и покрај оддалеченоста од илјадници милји, а уредите со кои ќе го можеме ова ќе бидат неверојатно едноставни во споредба со нашиот денешен телефон. Човек ќе може да го носи во својот внатрешен џеб.“

И се разбира, иако внатрешните џебови тргнаа по патот на коњот и кочијата, во 1926 година да се предвиди интернетот („големиот мозок“) и инстантната, преносна телефонска комуникација е неверојатно. Не е чудно што Тесла се смета за еден од најпочитуваните и најобожувани научници, со фанови како Илон Маск.

Tesla_circa_1890-620x831

Сподели на Facebook
пати видено