20-годишниот Никола „Нико“ Ковач, момче од Босна и Херцеговина, е најплатениот професионален играч на видео игри во историјата. Овој генијален гејмер прејде во познатата група FaZe Clan со договор вреден дури половина милион долари. Кога минатата седмица Ковач го потпиша договорот со FaZe Clan за својот „Counter-Strike: Global Offensive“, не само што за себе си обезбедија еден од најдобрите играчи на игри, туку и постигнаа рекорд во вредноста на трансфер на професионални играчи.

nk

Трансферот на Никола од „Mousesports“ во „FanZe“ вредеше околу 500 000 илјади долари. Претходниот рекорд го држеше Адил „Скрим“ Бенрилтон, кога во септември 2015 година за 160 000 долари мина од „Гејмерс 2“ во „Титан“. За овие наши балкански простори можеби звучи и неверојатно некој да заработува од играње видео игри, но на овој дваесетгодишник од Брчко тоа му појде од рака. Популарната игра „Каунтерстрајк“ му стана главен извор на заработка.

„Предобра работа. Не можев да си го замислам ова. Значи, играм најмалку шест часа дневно. Кога играм со тим, и покрај тоа што јас сакам да играм за да напреднам индивидуално, тоа се можеби уште некои два, три часа дополнително“, раскажува Никола.

На неговите родители им било тешко да сфатат дека можат да се вртат такви големи пари од играње игри, но сега тие му се најголема поддршка, дури и одат со него на турнири.

„Тој доста отскокнува од својата генерација и од овие поголеми момци кои играат долги години. Никола оди сѐ подалеку и подалеку и сега е таму кај што е. Во секој случај сум многу горд на него“, вели Слободан Ковач, таткото на Никола.

Сподели на Facebook
пати видено