Крадец влегол во продавница во Филаделфија, со качулка и со покриено лице, вперил пиштол во вработените и барал да му ги дадат сите пари од касата.

Вработените по послушале и веднаш му дале неколку стотици долари кои биле во касата. Тогаш мажот тргнал да си замине, но нешто го предомислило.

Крадецот се предомислил и им ги вратил парите на вработените. Почнал да се однесува пријателски и им кажал дека секако овие пари нема да му помогнат во трансплантацијата на бубрег за неговата ќерка. Вработените биле во шок.

Менаџерот на продавницата изјавил дека иако е свесен дека човекот им се заканувал со пиштол и дека тоа е против законот сепак е тажно што сѐ може да нѐ натера да преземеме очајнички мерки за да си го спасиме животот на детето.

Полицијата работи на случајот, затоа што сепак човекот направил кривично дело со тоа што им се заканувал на луѓето со оружје.

Сподели на Facebook
пати видено