Ова е трогателниот миг кога едно куче очајно се обидува да го оживее својот безживотен пријател кој бил прегазен од кола. Тажното куче стои покрај другото мртво куче, допирајќи го со шепите во надеж дека би можело да се разбуди. Тоа упорно го гребе, поттурнува, па дури и го лиже телото на другото куче, но без успех.

Потоа стои внимавајќи на неговото тело и упорно лае, обидувајќи се да привлече внимание. Според жителото на Сунампе во перуанската јужна провинција Чинча, кучињата биле нераздвојни и можеби биле во некое крвно сродство.

Видеото било споделено на социјалните медиуми и видено од илјадници луѓе. Но, некои го критикувале снимателот дека наместо да снима, можел да се обиде да помогне.

Сподели на Facebook
пати видено