24-годишната Маријана Мендес од Јуиз де Флора, Бразил, има голем белег на лицето, за кој повеќето мислат дека е тетоважа. Маријана им пркоси на критиките упатени кон нејзиниот вроден белег (melanocytic nevus), за кој луѓето и велат дека е „грд“ и „чуден“. Таа смета дека нејзиниот белег ја прави уникатна и нема потреба да се срами од него.

Мендес на 5-годишна возраст имала 3 операции на белегот, затоа што нејзината мајка се плашела да не биде малтретирана од страна на другите деца. Но наместо да се срами Маријана го прифатила белегот и тоа го покажува во неколку фотосесии.

Маријана која е стилист, вели: „ Се чувствувам убава и различна од другите луѓе, затоа што имам ваков белег. Да се има белег во оваа големина не е вообичаено, па затоа има многу луѓе кои зјапаат во него и не им се допаѓа, но на мене не ми е грижа. Многу луѓе ме прашуваат дали белегот ми е тетоважа или пак шминка, но не ми е проблем да им објаснам.“

Ваков тип на голем белег се појавува кај едно од 20.000 бебиња и се појавува поради на зголемено количество на пигмент под кожата, со што кожата добива потемна боја.

Маријана е среќна што операциите кои што ги имала како дете не и го отстраниле белегот. Таа сака да испрати порака до луѓето со слична состојба како нејзината да се чувствуваат самоуверено и да не се срамат од својот белег.

Сподели на Facebook
пати видено