Еве како Јапонците се греат зиме, или како би можеле по цел ден да останете в кревет! Котацу креветот се состои од ќебе поставено помеѓу рамката и таблата на ниската масичка, а под ќебето се става извор на топлина. Топлиот воздух струи од петите кон вратот, топлејќи го целото тело.

Почетоците на котацу можат да се датираат во четиринаесеттиот век, во изумот наречен ирори. Во 17-от век ирори се вкопувал во земјата, и бил нарекуван оки-готацу, наликувајќи на современиот котацу. Бидејќи повеќето современи јапонски домови имаат слаба топлинска изолација, котацу служи како ефективно место за греење во студените зимски месеци.

kt01 kt02 kt03 kt04 kt05 kt06 kt07 kt08

Сподели на Facebook
пати видено