Ејми Сагар од Сиднеј, Австралија почнала да работи во погребално претпријатие кога имала само 16 години, откако во училиште гледала документарец како вработени од мртовечница работат со мртво тело.

“Тоа беше навистина обично искуство, тие беа толку опуштени. Тоа беше прв пат да видам како медиумите го претставуваат мртвото тело како нормална работа, наместо морбидна. Тогаш ми падна на памет, ако овие нормални луѓе можат да го работат тоа, можам и јас,” вели Ејми.

6 месеци по случката во училиштето Ејми ја започнала својата кариера како директор на погребално претпријатие. Таа првин била вработена на скратено работно време, а откако го завршила средното училиште на 17 години, почнала да работи со полно работно време. Таа вели дека многу од клиентите биле запрепастени од тоа како една толку млада девојка би сакала да се занимава со ваква професија.

“Најчесто добивав позитивни реакции. Некои од нив ме прашуваа колку години имав и беа вчудоневидени од мојата емоционална зрелост. Имав целосна поддршка од моето семејство. Смртта во нашето семејство не беше табу тема.”

Ејми вели дека додека била тинејџерка изгубила неколку пријатели поради својата професија, затоа што повеќето тинејџери ја сметале оваа работа за “чудна.” Таа сега има 25 години и е директорка на првата непрофитабилна погребална организација во Австралија, Tender Funerals.

“Се трудиме да направиме социјална промена, не само да бидат погребите финансиски олеснети, туку да можат да дојдат луѓето во место каде што ќе научат нешто, наместо во место каде што владее само мизерија кога ќе настапи смрт.”, вели Ејми за своето претпријатие.

Најголемата лекција која што ја има научено Ејми од оваа професија е дека ништо во животот не треба да се сфаќа здраво за готово и дека секоја ситница во животот треба да се цени.

Сподели на Facebook
пати видено