Во средината на Втората светска војна, еден млад американски војник паднал на колена, не пред непријателот, туку пред љубовта. Тој се заљубил во 18-годишна Французинка додека бил стациониран во нејзиниот мал роден град.

К.Т. Робинс тогаш бил 24-годишен војник во Армијата на САД, кога за прв пат ја погледнал Жанин Ганје во североисточниот француски град Брије во 1944 година.

Робинс барал некој кој ќе му ја испере облеката, а мајката на Жанин се согласила. Младите лудо се вљубиле еден во друг, но по два месеци Робинс морал да го напушти местото и да се упати кон Источниот фронт за да се бори. Жанин толку се надевала дека тој повторно ќе се врати што почнала да учи и Англиски.

Наместо тоа Робинс, кој се пријавил во 26-тата пешадиска, Прва дивизија во 1940 година, а подоцна доброволно се пријавил да служи во пекарски баталјон, се вратил во Америка. Таму се запознал и се ожени со Лилијан, неговата сопруга со која бил 70 години. Тие работеле заедно еден во железара во Мисисипи 50 години. Таа починала во 2015 година на возраст од 92 години.Сега Робинс има 97 години.

Жанин повторно се вљубила. Се венчала во 1949 година и станала мајка на пет деца. Таа сега има 92 години. Но, Робинс никогаш не ја заборавил својата француска љубовница, чувајќи ја црно-белата слика на Жанин и нејзиното село со децении.

И тој сè уште ја имал таа фотографија кога му пристапила група француски новинари за извештај за ветераните од Втората светска војна во САД. Робинс им ја покажал фотографијата и им кажал дека би сакал да се врати во селото и да го пронајде нејзиното семејство бидејќи не се надевал дека таа сѐ уште е жива.

Но новинарите успеале да ја пронајдат Жанин во дом за стари лица. Тие ја организирале средбата помеѓу Жанин и Робинс и тие успеале да се видат по долги 75 години.

„Секогаш те сакав, никогаш не ми излезе од срцето“, ѝ рекол Робинс, а Жанин одговорила „Ми рече дека ме сака, барем толку можев да разберам.“ „Жанин те сакам девојко“, додал Робинс со солзи на очите додека се бакнуваат повторно.

Сподели на Facebook
пати видено