Откако Битолчани решија да си напрвата своја парада на гордоста и мажи од Бостон решиле да добијат право на своја парада на гордоста.

Тројца мажи аплицирале за дозвола за спроведување на „Стрејт парада на гордоста“.

Под името Super Happy Fun America (Супер среќна забавна Америка) Џон Хуго, Марк Сахади и Крис Бартли тврдат дека работат „во име на стрејт заедницата, со цел да се поттикне почит и свест кај луѓето од сите сфери на животот“. Групата, исто така, додаде дека одлучија да започнат кампања за „едукација на јавноста, политичари и државни службеници за стрејт заедницата и за уникатните проблеми со кои се соочуваме“.

Но претседателот на „Супер среќна забавна Америка“ и поранешниот конгресен кандидат, Џон Хуго, тврди дека пораката на групата е погрешно сфатена, инсистирајќи на тоа дека парадата не е анти-ЛГБТ, тоа е „став против тиранијата на малцинството“.

„Омразата што ја добиваме од холивудската елита е само зачудувачка. Десетици луѓе од ЛГБТ заедницата ни кажаа дека е фантастична идеја, ‘ние си имаме наша парада вие си имајте ваша’ Но луѓето отидоа предалеку дури мојот змаеник Марк Сахади го нарекоа бел нацист, а тој е Арап.“, вели Џон.

Потпретседателот Марк Сахади минатата недела на Фејсбук изјави дека градот Бостон ќе соработува со мажите за да помогне да се организира парадата по „жалбата за дискриминација“ против градот.

Парадата ќе се одржи на 31 август и веќе има подготвено мапа каде ќе поминува низ градот и на патот поминуваат и покрај неколку геј барови. Неофицијални извори тврдат дека маскотата на парадата ќе биде Бред Пит.

Сподели на Facebook
пати видено