Да не се лажеме секоја невеста сака нејзината торта на венчавката да изгледа убаво, па дури и да станува збор за поскромна.

Но, оваа невеста немала среќа и како што вели таа, наместо совршената торта која ја замислувала добила „лепрозна мисирка“. И овој опис секако никој не го поврзува со најсреќниот ден од животот, зарем не?

Рена Дејвис, од Џорџија, САД, не е поразлична од другите девојки и за својата венчавка си порачала „убава“ торта од 300 долари и тоа еден месец пред венчавката. Таа тортата ја видела на интернет и ја прашала готвачата дали може да ја направи истата торта.

Тортата била син паун, на бела торта, а долу имало колачиња како негова раскошна опашка. Таа вели дека жената ѝ кажала дека имала завршено курс и дека не е никаков проблем да ѝ направи иста таква торта. Готвачката дури и ја прашала да не сака два пауна наместо еден.

И покрај тоа што ја уверувала невестата дека сѐ се одвива според планот, ноќта пред венчавката кога ѝ пристигнала тортата Рена се шокирала. Наместо паун имало некое смешно златно-жолто чудовиште. За да биде ситуацијата уште повеќе траги-комична по неколку минути му испаднала и главата на паунот.

Готвачката се вадела дека „50 часа“ ја правела тортата, но Рена вели дека делува како да ја направила во рок од половина час. Откако невестата ја објавила приказната на интернет посрамената готвачка ѝ ги вратила парите.

Сподели на Facebook
пати видено