Млада невеста од Стара Загора, Бугарија, избегала од својата свадба заедно со кумот, само еден час откако се заколнала на верност до гроб на својот сакан. Случката се случила за време на свадбената свеченост во ресторан на бугарското крајбрежје, и за неа раскажал адвокатот кој младоженецот го најмил за да го раскине бракот.

br

Младата дама избегала од ресторанот во својот невестински фустан, а во чантата ги собрала паричните дарови дарени од над 150-те гости. Заедно со неа исчезнал и кумот, кој ѝ е колега на факултет. Забележале дека ги нема го дошло време за познатото кумско оро.

Отпрвин и од двете семејства сметале дека станува збор за некоја невкусна шега. Но, набргу по телефонски разговор се утврдило дека кумот бил навистина близок со невестата. Имено, тие претходно си купиле авионски билети до Англија, каде што планирале да се скрасат за некое време.

Оставениот младоженец, кој е доста повозрасен од бегалката, признал дека потрошил големи пари за свадбата. Тој веќе подал барање за раскинување на бракот.

Сподели на Facebook
пати видено