Октоподот Инки кој бил чуван во Нов Зеланд успеал на неверојатен начин да избега од својот аквариуми да си го најде патот назад до океанот, на слобода. Едно утро, осмоногиот мајстор за бегство, кој бил чуван во Националниот аквариум на Нов Зеланд во Нејпиер едноставно го снемало, на запрепастување на неговиот чувар. На крајот било утврдено дека бестрашниот кефалоид се протнал низ еден мал отвор на врвот на аквариумот, па потоа низ отворена одводна цевка се спуштил педесет метри надолу во одводниот систем кој и на крајот завршил во океанот во Хоки Беј.

okto

И покрај детално пребарување на цевките, октоподот никогаш не билнајден. Октоподите инаки се познати како едни од најинтелегентните суштества, имаат сложен мозок и имаат способност да учат, помнат и планираат. Но, дали октоподот навистина избегал, или можеби се случило нешто друго, тоа останува мистерија.

Сподели на Facebook
пати видено