Сите добро знаеме дека нуклеарна војна би значела крај на светот каков што го знаеме. Затоа ваквиот тип на оружје е во раце на добро обучени, сериозни, совесни луѓе кои знаат како правилно и свесно да постапат во секоја ситуација. Или барем ние така мислиме…

Тројца морнари кои се наоѓаат на подморницата на Кралската морнарица која носи 16 нуклеарни проектили биле фатени дека консумирале кокаин. Нивните примероци од урина биле испитувани додека подморницата продолжила со врвна тајна операција, а тројцата членови на екипажот биле отстранети од HMS Vengeance кога се вратиле во базата во Фаслен, Шкотска.

Минатата ноќ, воени извори изјавиле дека тројцата морнари биле дел од поголема група членови на екипажот на ХМС, кои земале кокаин за време на неодамнешното „излегување на брегот“. Се верува дека и други морнари комсумирале кокаин, но пиеле огромна количина на вода за да го исфрлат од ситемот. Сепак морнарицата не сака да го коментира ова тврдење.

Меѓутоа, воените извори велат дека употребата на кокаин меѓу членовите на екипажот на ХМС е поголем удар за Кралската морнарица, бидејќи бродот со должина од 150 метри ги носи нуклеарните проектили „Тридент“, кои можат да убијат милиони кога се целосно вооружени и имаат опсег од 7.500 милји (12.000 км).

Нивната деструктивна моќ е проценета како еквивалент на осум пати поголема од атомската експлозија која го срамнила јапонскиот град Хирошима во Втората светска војна.

„Министерството за одбрана има политика за дрога за нулта толеранција и нема да толерира злоупотреба на дрогата од страна на службениот персонал во каква било форма или во секое време. Секој персонал кој ќе биде фатен да зема дрога ќе биде отпуштен“, изјавиле од Кралската Морнарица.

Сподели на Facebook
пати видено