Лорен Смит се возела заедно со нејзиниот син Бен по автопатот. Во еден момент нејзините раце почнале да се тресат и 27-годишната жена доживеала напад.

За среќа 8-годишниот Бен е умно момче кое без да размислува го грабнало воланот за безбедно да го запре автомобилот кој се движел 100 км/ч.

Освен што успеал да го паркира автомобилот на тревата од страната на автопатот, тој потоа и вклучил предупредувачки светла. Други автомобили застанале да му помогнат на момчето и неговата мајка била однесена во болница.

Откако била однесена во болница по повеќе тестови било заклучено дека ова е првиот напад на Лорен, што ја прави реакцијата на нејзиниот син уште поневеројатна.

Лорен вели дека нејзиниот син е херој и не сака ниту да помисли што би се случило доколку тој не реагирал толку брзо. Таа работи како учителка во училиштето на Бен и иако сѐ уште не можат точно да определат зошто се случил нападот, нема да може да управува со автомобил определен период.

Видеото е снимено од човек кој се движел зад автомобилот на Лорен.

Сподели на Facebook
пати видено