Хајес Хуто од Џорџија, САД, бил дијагностициран со церебрална парализа на 18 месеци. 10-годишното момче отсекогаш сонувало да стане ѕвезда во американскиот фудбал. Неговата желба да доминира на теренот конечно се исполнила.

Мајката на Хајес, Џоди Хуто, снимила видео како нејзниот син прави тачдаун на училишниот фудбалски натпревар. Иако натпреварот веќе завршил соучениците на Хајес му дале опрема и го бодреле додека тој се движел кон крајната зона во својата инвалидска количка.

Момчето било пресреќно и изненадено бидејќи му било кажано дека само ќе го води тимот да излезе од тунелот. Неговата мајка вели дека Хајес не ја испушта топката од рацете дури и кога спие.

Сподели на Facebook
пати видено