Тинејџерка која седнала и го утешила патникот со инвалидитет на лет низ САД била пофалена како „ангел“ од страна на човекот на кој му помогнала. Кога Тим Кук се качил на летот на Алјаска ерлајнс од Бостон до Портланд екипажот со посебно внимание се обидел да му го направи летот што е можно поудобен.

Но, напорите да комуницираат со г-дин Кук, кој е и глув и слеп, се покажале како неуспешни, што ги натерало да ги повикаат сите патници кои знаат знаковен јазик. Тогаш Клара Дејли го спасила денот.

Покажувајќи зрелост за нејзините години, 15-годишното девојче седнало и му помогнало на г-дин Кук околу шест часа за време на летот, а другите патници гледале со зачуденост.

Девојчето трпеливо буква по буква „пишувала“ на дланката на Тим. Тие за време на летот воделе пријателски разговор и на крајот се прегрнале. Тим за локалната телевизиска станица за девојчето кажал само: „Таа е ангел“.

Девојчето го пофалиле и патниците во авионот, екипажот и нејзината мајка со која што девојчето патувало.

Сподели на Facebook
пати видено