Една мала инженерска компанија во Јапонија тврди дека го произведе првиот електричен автомобил на улиците, кој може да достигне од 0-100 км/ч за помалку од две секунди. Aspark Owl беше претставен на Саемот во Франкфурт минатата година, а неговите креатори соопштија дека ќе има 430 коњски сили, ќе тежи под 860кг и ќе забрзува до 100 за две секунди.

Сега од Aspark објавија неверојатни снимки кои покажуваат ккао автомобилот ја руши својата „граница“ од две секунди и го постигнува тоа за само 1.921 секунда – побрзо од секој тркачки автомобил Формула 1. Од Aspark велат дека планираат да произведат само 50 вакви автомобили, а сите кои сакаат да имаат ваков автомобил ќе треба да платат над 3 милиони евра за него.

Најверојатно тестот е завршен во задниот дел на еден мал производствен погон, каде што автомобилот е составен. И покрај видеото, некои ентузијасти на автомобили изразија скептицизам.

Тие укажуваат на фактот дека не постојат снимки на брзинометарот или прикажувања на време или брзина. Исто така коментирале дека локацијата е прилично мала за да се абрзува автомобил до 100 километри на час.

И тие забележаа дека прототипот е опремен со тркачки мазни гуми, за разлика од обичните гуми што се користат во сообраќајот, што би го олеснило забрзувањето на автомобилот.

Сподели на Facebook
пати видено