Веројатно секој сонува да направи некое неверојатно откритие додека копа во дворот. За некои луѓе тоа не е само сон, туку реалност. Овие луѓе, за кои ќе ви раскажеме направиле исклучителни откритија во дворовите на своите куќи. Најверојатно не се ни сомневале дека вакво нешто е возможно. Ајде да видиме што успеале да откријат.

650-годишно богатство

Андреас К. копал во дворот кога пронашол неколку скапоцени камења кои визуелно изгледале дека датираат многу одамна. Меѓутоа, предметите биле толку запуштени што Андреас првично одлучил дека не чинат ништо. Тој ги ставил во кутија и ја оставил во подрумот, каде ги држел околу две години. Повторно ги пронашол, кога решил да го исчисти подрумот. Кога одлучил да ги полира малку, тој забележал дека изгледаат многу повредни отколку што мислел. Откако ги објавил фотографиите на интернет, археологот го охрабрил да го пријави своето откритие на австриската агенција. Агенцијата е категорична – ова било едно од најзначајните откритија на средновековно богатство низ историјата на Австрија. Тој одлучил да го задржи богатството, но под услов да го изнајмува во еден од локалните музеи.

Богатството на Викинзите

Во 2007 година, по навистина пороен дожд, Тејџ Петерсон пронашол две антички монети на својата ливада. Откако ги повикал локалните археолози, биле откриени 67 монети. Една од нив никогаш не била откриена пред тоа во Шведска, додека од другата е откриен само уште еден примерок. Повеќето од монетите биле германски, англиски и арапски, кои датирале од 10-тиот и 11-тиот век. Некои од нив биле последица на трговија, но други биле „откупни“ пари, кои некои народи ги плаќале на Викинзите, за да не бидат нападнати од нив. Пронајденото богатство на Викинзите било околу 400 метри од место за кое се знаело дека некогаш било засолниште за Викинзи. Овие страшни воини ја користеле земјата како сеф, длабоко ги закопувале своите вредности, додека повторно да им бидат потребни.

Авион од Втората светска војна

Во оваа година 14-годишниот Даниел Рум Кристиансен од Данска имал задача во училиште – тој морал да напише есеј за Втората светска војна. И му треба нешто интересно за оваа тема. Неговиот татко му кажал на шега, дека тој треба да побара авионот, за кој имало легенда дека се урнал во полето зад нивниот дом. Дедото на Даниел еднаш рекол дека во 1944 година авионот се урнал таму. Сепак, никој не му верувал.

Даниел, сепак, одлучил да го стори токму тоа – да го бара авионот. Тој и неговиот татко земале метален детектор и започнале со пребарувањето. Тие биле изненадени кога тој почнал да прави звуци. Почнале да копаат и за нивно изненадување откриле остатоци на авион на околу 4-6 метри длабочина. Пронашле илјадници делови на авионот. Тие дури ги пронашле и коските и личните предмети на пилотот. Тие стапилет во контакт со властите, а данската полиција ги земала коските за да ги истражат и да го откријат идентитетот на пилотот.

Сподели на Facebook
пати видено