За разлика од повеќето близнаци, Џим Спрингер и Џим Луис го имаат истото име, но не и презимето. Двајцата браќа се разделиле при раѓање и биле усвоени од различни семејства, но случајно или не, нивните нови родители им го дале името Џим. И така тие го започнуваат нивниот паралелен живот.

Спрингер и Луис споделуваат не само генетски код и имиња, туку имаат и слични судбини и го сфаќаат тоа по 39 години кога повторно се среќаваат.

Тие израснале во различни домови и семејства, двајцата имале многу малку информации за другиот брат. Мајката на Спрингер му рекла дека неговиот брат близнак умрел, а Луис толку малку знаел за Спрингер што не сакал да го бара и да се сретне со него. Сето ова се сменило во 1977 година, кога Луис, тогаш на возраст од 37 години, одлучил да го побара својот брат. Тој го пронашол неговото име и презиме во документите кои се чуваат во судот, а двајцата првин разговараат по телефон. Тие одлучуваат да се видат и подоцна велат дека тоа бил најважниот ден во нивниот живот.

Веднаш штом почнаа да разговараат и да споделуваат сè што им се случило со текот на годините, ги откриле неверојатните сличности што ги имаа еден со друг. Двајцата биле усвоени од семејствата кои живееле во Охајо и пораснале на растојание од 73 километри еден од друг. Како деца, и двајцата имале куче наречено Тој. И Спрингер и Луис се венчале двапати – првин за една жена по име Линда, потоа за жена по име Бети. И двајцата имале деца, вклучувајќи и син, кој и двајцата го крстиле Џејмс Ален. И двајцата живееле во последната куќа на нивната улица. И двајцата биле пушачи, сакале да пијат пиво, се занимавале со столарија во нивното слободно време, возеле Шевролет и биле полициски шерифи во разни полициски одделенија во Охајо.

Браќата близнаци се покажале како совршени кандидати за истражување за однесување на близнаците, предводено од д-р Томас Бушард од Универзитетот во Минесота. Во еден од тестовите, браќата дале еднакви одговори на речиси сите прашања, а д-р Бушард го споделил неговото зачудување, велејќи дека изгледало дека двата теста биле направени од исто лице два пати. Нивните тестови за начинот на работа на мозокот исто така биле идентични со нивните медицински записи кои ги опишувале нивните болести со текот на годините.

За луѓето животите на браќата Џим изгледаат како живот на една личност. Сепак, Луис забележува дека и покрај сè, меѓу нив двајцата има одредени разлики. „Разликите меѓу мене и Џим се како разлика помеѓу живеењето во градот и селото“, изјавил еден од браќата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено