Ова е моментот во кој мистериозна бездомна жена на метро станица во Лос Анџелес со својот ангелски глас ги остави присутните со подзинати усни. Во видеото објавено од полициското одделение во Лос Анџелес жената која си ги собира работите ја пее Пучинини аријата.

Во описот на видеото стои: „4 милиони луѓе го нарекуваат ЛА дом. 4 милиони приказни. 4 милиони гласови … понекогаш треба само да застанете и да слушате еден, да слушнете нешто убаво “.

Сподели на Facebook
пати видено