Екстремно редок албино орангутан, со бело крзно и сини очи е спасен во Борнео. 5-годишниот примат бил држен во заробеништво од страна на локалното население, а е спасен од страна на БОС Фондација, организација за заштита на животни од Индонезија.

Ова неверојатно животно има бледа кожа, коса и очи и е многу чувствително на светлина. Спасувачите велат дека ова е првиот албино орангутан кој што тие го имааат спасено. Животното било спасено на 29 април, откако организацијата добила дојава од полицијата.

Од фондацијата изјавиле: “Ќе продолжиме со набљудувањата и ќе спроведеме тестови за да се утврди здравствената состојба. Орангутанот бил држен во заробеништво само два дена и сеуште покажува знаци на диво животно, што значи дека по спроведените испитувања ќе биде пуштен на слобода во дивината.”

Албино орангутаните се многу ретки, во просек само еден во 10.000 орангутани е албино.

Сподели на Facebook
пати видено