Во провинцискиот град Флоренсио Варела во Аргентина, седум затвореници биле фатени на дело како во стилот на култниот филм се обидуваат да избегаат од затворот. Во потрага по својата слобода, момците за 2 дена успеале да ископаат цел тунел, но среќата и интелигенцијата не биле на нивна страна.

Акцијата за бегство од затворот се претворила во целосно фијаско, затоа што затворениците со тунелот наместо надвор, излегле право во дворот на затворот.

За да биде глупоста уште поголема, вработените во затворот цело време знаеле за планот, но кога виделе дека копаат кој дворот, ги оставиле да се избламираат. Така чуварите на затворот ги пречекале среде дворот и сега сите си добија по некоја година дополнителен бесплатен престој во затворот.

Сподели на Facebook
пати видено