Миранда Хакими Харви од Мериленд патувала над 1.000 километри со нејзината 4-годишна ќерка, за да ја остави на аеродромот во Атланта. 29-годишната жена пристигнала во Атланта во 2 часот наутро и замолила двајца непознати луѓе на аеродромот да го причуваат девојчето додека таа да купи нешто. Парот се согласил, но кога жената не се вратила да го земе девојчето по скоро 5 часа тие повикале полиција.

„Зошто детето било оставено на аеродромот и зошто би оставила 4-годишно девојче на двајца непознати? И да треба нешто да купиш, нормална личност не би постапила така.“, изјавил полицаецот Ворен Пикгард.

Од полицијата велат дека Миранда најверојатно сеуште го вози автомобилот Nissan Versa од 2016 година, кој го изнајмила на аеродромот и го напуштила градот со него.

Се уште не се знае кои се причините поради кои жената го оставила малото девојче. Девојчето ќе остане со полицијата се додека не ги контактираат нејзините роднини во Мериленд.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено