Момчето по име Курт Сова (17) исчезнал на 23 октомври 1981 година. Тој ден Курт го напуштил училиштето порано и отишол до продавницата близу неговиот дом во Клеваленд, Охајо. Продавачот му продал шише Еверклер ликер. Потоа се упатил до домот на неговата девојка Сузан, каде организирале забава. Таа вечер му се губи секаква трага.

Неговите родители, Кен и Дороти дошле до информација дека Курт таа вечер бил под силно дејство на алкохол и не знаел за себе. Неговиот другар Мајкл Маркју, им кажал дека тој бил со него до доцна вечерта, кога Курт изгубил свест, а Мајкл му помогнал да излезе во дворот на свеж воздух. Тогаш Мајкл влегол повторно во куќата по неговата јакна, но кога излегол повторно надвор, Курт не бил таму.

По само неколку дена, на 28 октомври, во полиција било пријавено безживотно тело најдено местото Њубурх Хајгс, оддалечено половина километар од куќата каде последно бил виден Курт. Станувало збор за телото на младото момче. Во неговото тело биле пронајдени само 0.11 промили алкохол во крвта, што не е количина која што може да биде фатална.

Подоцна кружеле гласили за тоа дека бил виден на улица со непознати лица како влегува во комбе. Истиот тој човек често пазарел во истата продавница, па бил прашан од полицијата да не има информации за младото момче. Тој не одговорил ништо, но под сомнение полицијата започнала да го следи.

Други извори давале информации дека момчето се вратило во куќата каде што била забавата и останало да спие во подрумот, па кружат гласини дека семејството на неговата девојка Сузан се занимава со паранормални настани и верувања.

Курт е најден мртов на 28 октомври 1981 година во 3:30 часот, како неговото безживотно тело лежи на зрмја во областа Њубурх Хајгс.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено