Седам на клупата пред зградата и си пијам пивце. Гледам прејаката комшивка што живее карши мене се појавува од зад аголот. Девојката е авион! Кога ме забележа оптегнат на клупата, тргна право кон мене и со преголема и шармантна насмевка ми вели:
– Еј, здраво комшо, како си? Се враќам од работа, петок попладне е и така ми дојде преку глава од сѐ, што си викам морам вечер да се испукам. Таква желба за забава ми дојде… Ѕверска! Вечерва сакам да се натрескам и да се забавувам лудо. Ти имаш ли нешто планирано?
По на брзина преживеаниот микро-инфаркт си дојдов малку на себе и со најсериозен, но заводлив поглед, и одговорам:
– Не, ништо немам планирано. Вечерва сум слободен како Мел Гибсон во „Храбро срце“!
Не ми е јасно како е можно, но насмевката ѝ стана уште поширока и помагична, од што мене, искрено да ви кажам, ми се дигна… Ме погледна право во очите и ми вели:
– Ејјј, СУПЕР! А дали ќе може да ми го причуваш кучето вечерва?

Сподели на Facebook
пати видено