Секој голем бизнис морал да почне од некаде. Некои имаат поскромни почетоци од другите, почнувајќи со основна опрема, неколку вработени, гаражен простор и иновативна идеја.

SONY

Основачот на Сони Масару Ибука почнал да произведува електрични производи, бидејќи во повоената Јапонија струјата била евтина. Првиот производ на компанијата Sony бил електричен лонец за готвење на ориз.

NOKIA

Нокиа е основана во 1865 година и постепено прераснала во една од најголемите корпорации за комуникации и информатичка технологија во светот. Интересно е тоа што во почетокот Нокиа произведувала кожни обувки или т.н. галоши, или како што ни се познати на нас, опинци. Дури во 1987 година тие всушност го претставиле својот прв „рачен телефон“, Mobira Cityman 900, кој тежел „само“ 0,8 кг и чинел 4650 евра.

TOYOTA

Јапонскиот производител на автомобили, всушност започнал со производство на машини за шиење. Верувале или не тие ги произведуваат и денес.

IKEA

Кампрад ја основал ИКЕА во 1943 година во кујната на неговиот вујко Ернст. ИКЕА всушност е акроним на неговото име Ингвар Кампрад и Елматериј, неговата семејна фарма и селото Агуннарид. На почетокот бизнисот вклучувал само мали предмети за домаќинството, како што се рамки за слики, паричници, чорапи, пенкала и чанти.

SHARP

Шарп е јапонска компанија која денес дизајнира и произведува електронски производи. Но тие почнале од друг пазар. „Секогаш остриот молив“ бил произведен во 1915 година од основачот на компанијата Токуџи Хајакава. Првиот механички молив во светот бил „секогаш остар“ и затоа компанијата била именувана како SHARP.

BMW

Германскиот бренд има долга историја во производство на мотоцикли, како и авионски мотори. Она што малкумина купувачи го знаат е дека логото на БМВ е всушност симбол на движењето на авионскиот пропелер, слика која датира од почетокот на 1900-тите.

VIRGIN

Ричард Бренсон, извршниот директор и основач на Вирџин се соочувал со предизвиците на Дислексија во тинејџерските години. Во 1966 година, на возраст од 16 години, Ричард се спакувал и го напуштил училиштето за да го започне првиот бизнис, списанието „Студент“.

SAMSUNG

Самсунг е формиран во 1938 година од Ли Бјунг Чул како трговска компанија со седиште во Су-донг. Малата компанија започнала како продавница за намирници, продавајќи стоки произведени во и околу градот, како и сопствени тестенини.

HUGO BOSS

Хуго Бос е германска и светски позната луксузна модна куќа со седиште во Мецингер. Но, она што најверојатно не го знаевте е дека тие го започнале својот бизнис со шиење униформи за Гестапо.

IBM

Big Blue е мултинационална корпорација за компјутерска технологија, со седиште во Њујорк. Корените на IBM датираат од 1880-тите, децении пред развојот на електронските компјутери. Но, пред компјутерската ера тие произведуваат различни производи: автоматски машини за месо, машини за кафе, ваги за мерење и сл.

LIPTON

Липтон е еден од најголемите светски брендови за освежување, но започнале како мала продавница. Во 1871 година, Томас Липтон ги искористил своите мали заштеди за да ја отвори својата прва продавница во Глазгов, Шкотска.

NINTENDO

Доминацијата на Nintendo Corporation во гејминг индустријата не започна со нивната прва конзола за видео игри. Тие се појавиле 70 години пред да ја направат првата игра, кога во 19 век ја вратиле популарноста на игрите со карти во Јапонија. Новата игра, Ханафуда, била измислена од Фусаџиро Јамаучи (основач на Нинтендо), во која имало слики наместо броеви, што го отежнало коцкањето.

LAMBORGHINI

Основачот Феручио Ламборгини првин произведувал трактори и си купил Ферари, но кога го возел приметил дека има недостаток и го посетил Ензо Ферари лично за да му каже, но Ензо го навредил изјавувајќи: “Проблемот не е во автомобилот туку во возачот.”Ламборгини бесен од навредата на Ферари, одлучил да создаде свој автомобил.

Сподели на Facebook
пати видено