Стискањето, мачкањето со паста или да го покриете целото ваше лице со шал – сигурно сте ги пробале сите методи под сонцето да се ослободите и да ги скриете напорните акни на вашето лице. Колку и да не ви се допаѓа тоа, акните се дел од животот. Како што се објаснува во видеото подолу, тие се формираат кога порите ќе се затнат со бактерии, маснотии и мртви кожни клетки, предупредувајќи го имунетскиот систем дека се јавува инфекција. Вашето тело реагира така што праќа бели крвни клетки во инфицираниот дел, што за жал предизвикува црвенило и гнојни кесички, а понекогаш и во лице кое наликува на пица.
Што е уште полошо, немаат само децата мозолчиња. Иако адолесцентите се под најголем ризик, акни се добиваат на секоја возраст. Стресот е голем катализатор на појавата на акни, на пример, а животот на возрасните е полн со стрес. Редовното миење на лицето е првиот чекор кон спречувањето на нивната појава. Но, сепак хигиената или нејзиното отсуство не е решавачкиот чинител за формирањето на акни, бидејќи за тоа придонесуваат и генетиката и хормоните. Лекарите знаат да препишат најразлични средства против акни, но сега тие откриваат нов вид на терапија, терапија со „добри бактерии“.


