Според пресметките на неврофизиолози од Институтот Солк, човечкиот мозок може да се сети од 5 до 20 петабајти на информации. Ова може да се спореди со обемот на целата глобална мрежа.

Сепак, ние продолжуваме да не се сеќаваме каде сме го оставиле мобилниот телефон, или колку е часот откако сме погледнале во часовникот пред неколку секунди.

1. Фотографиите ја бришат меморијата

Научниците од Универзитетот во Калифорнија спроведоа експеримент и докажаа дека фотографираните предмети брзо се бришат од меморијата. Тие поделиле 50 студенти во три групи. Едните правеле фотографии на мобилен телефон, други фотографирале и веднаш ги бришеле, а третите само набљудувале.

По некое време, кога сите субјекти биле замолени да се потсетат на она што го виделе, само оние кои не фотографирале можеле да ја извршат задачата.

2. Не се сеќаваме на ова што се случило во реалноста, туку она што не повредило

Добитник на Нобеловата награда психологот Даниел Канеман одамна го истражува феноменот на човековата меморија и дојде до заклучок дека имаме две „јас“. Едното ги доживува искуствата, а другото спомените и проценките. Често овие две „јас“ не се совпаѓаат.

Тој направил екперимент во кој луѓето слушале музика која ја сакале на концерт, но на крајот бил пуштен непријатен бучен звук. Целосното искуство на луѓето било уништено од нешто што се случило на самиот крај.

3. Депресијата ги брише спомените

Германските невролози од Универзитетот Рур развија математички алгоритам кој може да го пресмета ефектот на депресија врз клетките на човечкиот мозок. За време на студијата на мозокот на неколку волонтери со депресивни нарушувања, научниците дошле до заклучок дека длабоката депресија може да избрише некои од спомените.

Лицето кое долго време е во депресија, го забавува формирањето на нови нервни клетки. Ова го деформира нашето сеќавање и ги губиме спомените од нашето минато.

4. Спомените можат да бидат лажни

Понекогаш нашите сеќавања се бришат и на нивното место може да дојде нешто што всушност не се случило. Овој феномен се нарекува конфабулација. Ова понекогаш се случува во врска со настаните од далечното минато, на пример, кога се сеќаваме на нешто од нашето детство или сме го помешале сонот со настаните од реалниот живот.

5. Постои таблета која ги брише лошите спомени

Научниците од Универзитетот Џон Хопкинс во САД, по серија експерименти врз глувците, пронајдоа протеински соединенија во мозокот кои се одговорни за складирање на информации за негативните искуства. Истражувачите измислиле начин да ги отстранат овие протеини, а со нив и лошите спомени со помош на лекови.

6. Сеќавањата можат да се „симнат“ и да се пренесат во друг мозок

Научниците од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес веќе откриле како да ја пренесат меморијата од еден мекотел на друг со екстракција на молекули на РНК. Системот на невроните на овие суштества е многу поедноставен од човекот, но истражувачите се сигурни дека алгоритмот за пренесување на информации во нашиот мозок функционира на ист начин.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено