Поштарите и доставувачите имаат навика да ги оставаат пакетите пред врата или на тремот, но ова може да биде лошо затоа што доколку некој лаком крадец ги види нема да размисли два пати пред да ги грабне. Семејството Њуман од Торнхарст, округот Лакавана е една од жртвите на ваквите кражби, само за „нијанса“ понеобична.

Доставувачот им оставил голема кутија во која имало храна за кучиња, а една лукава мечка која демнела од шумата го забележала тоа. Таа со внимателен пристап си ја краде кутијата и ја носи дома. Видеото било објавено откако семејството Њуман го испратило до продавницата за миленици за да докаже дека храната им била украдена, ни помалку ни повеќе, од мечка.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено