Народот Тораџо гордо ги покажуваат своите починати родини откако ќе ги откопаат од нивните гробови и ќе ги облечат во нова облека, дел од древен ритуал со кој им се искажува почит на починатите. Секои три години, луѓето од ова племе на островот Сулавеси ги откопуваат мртвите и потоа ги капат и облекуваат во нова облека, за на крај да позираат за семејни фотографии во текот на фестивалот познат како Ма’нене. Овој ритуал, чиешто име значи „Церемонија на чистење на труповите“ се одвива веќе подолго од еден век.

Погребот е еден од поважните настани во животот на племето Тораџо. Повеќето луѓе целиот свој живот штедат пари за да си обезбедат пристоен погреб на себе и на своето семејство. Во некои случаи, погребот на починатиот се одржува неколку седмици, или во некои случаи и неколку години по смртта, за семејството да има време да собере средства за екстравагантен погреб. Но, погребот никогаш не е последниот пат кога ќе се види починатиот. Секогаш кога ќе умре некој постар селанец, неговото тело се завиткува во неколку слоеви ткаенина за да се спречи распаѓањето на телото. Потоа, на секои три години ги откопуваат саканите за да ги променат во нова облека.

Друг важен елемент на фестивалот Ма’нене е заменувањето и поправањето на ковчезите за подобро да се заштитат телата на починатите од распаѓање. Во верскиот систем на народото Тораџо, смртта не е крај, туку само уште еден чекор во продолжителниот духовен живот.

tr01 tr02 tr03 tr04 tr05 tr06 tr07

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено