Шандра Редвин тежела 118 килограми, а нејзин сон отсекогаш бил да стане мајка. Таа имала многу тешко детство. Очувот ја малтретирал физички и психички и ја злоставувал. Нејзината болка таа почнала да ја компензира со вкусна храна, постојано прејадувала, па така дошла до прекумерна тежина 120-тина килограми.

Во 2011 година, откако се омажила, Шандра се подготвувала себеси да стане мајка, но долгоочекуваната бременост не се случувала. Докторите посочиле дека пречка за тоа е нејзината прекумерна тежина, што ја мотивирало да започнување да слабее. Прва пречка било прејадувањето после секој оброк, а потоа и намалената физичка активност. Таа почнала да се контролира на крајот на секој оброк и редовно, секој ден да трча.

Денес Шандра е среќна мајка на две деца и горда сопственичка на тенка и витка фигура. Им препорачува на сите кои сакаат да ослабат, веднаш да почнат да трчаат. Трчањето не само што ѝ помогнало да си го врати телото, туку и ја вратило и изгубената самодоверба од детството.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено