– Учителе Зоки ме мава со столица.
– Па мавни го и ти него.
– Не можам учителе, ретка ми е.

– – – – –

Разговараат двајца каубојци:
-Јас ја имам најбрзата рака на целиот див запад.
-Јас пак предпочитам жени.

– – – – –

Мислите ли дека е можен ваков дијалог:
– Миличка, ми излегоа некакви пари, да одиме да си ги купиш тие скапите чевли?
– Офф, толку сум уморна… глава ме боли, ајде друг пат.

– – – – –

Двајца македонски туристи го разгледуваат подземјето на една египетска пирамида. Тесни, лошо осветлени, бескрајни ходници. По едно време едниот го потегнува другиот за ракавот и му вели:
– Ми се смачи од овие ходници, ајде вади го ножот, напиши “К*Р” и да си одиме.

– – – – –

Се враќа мажот дома и гледа белешка на масата:
– Земи го детето од градинка.
P.S. Тоа само ќе те познае.

– – – – –

Во полицијата доаѓа расплакана жена.
– Ве молам, најдете го маж ми, јас не можам да живеам без него… тој исчезна…
– А кога точно исчезна?
– Пред две недели.
– А зошто доаѓате дури сега да распишаме потерница?
– Бидејќи утре треба да земе плата…

Сподели на Facebook
пати видено