Девојките фанови на иранскиот фудбалски клуб Персеполис ја прекршија забраната, според која тие не смеат да се појават на стадион. Пет девојки си залепиле мустаќи, перики и бради и така успеале да влезат на стадионот. Се разбира, тие облекле и машка облека и отишле на натпреварот, каде што мавтале со знамиња заедно со мажите и навивале.

„Персеполис“ победи со резултат од 3: 0, со што стана шампион на Иран. Претходно, претседателот Хасан Рухани вети дека ќе ја укине забраната за посета на стадионите од страна на жените.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено