Дали сѐ уште верувате дека животните немаат чувства? Овој мечок умрел кратко откако неговата најдобра другарка и партнерка била усмртена во зоолошката градина на Масачусетс. Интересно е тоа како сѐ уште многу луѓе одрекуваат дека животните не можат да чувствуваат широк спектар на емоции. Примерот со мечокот Гуф, чиешто здравје сериозно се влошило и набргу потоа и умрел откако бил усмртена неговата партнерка, го докажува спротивното. Во последните деветнаесет години, двете мечки Гуф и Еми биле неразделни другари, и се имале само еден со друг.

mc01

Држени во зоолошката градина Капрон Парк, двете мачки живееле „нормален“ живот во заробеништо, па дури имале и три младенчиња, при што секое од нив им било одземено набргу по нивното раѓање. Но, барем се имале еден со друг, сѐ до минатата недела. Откако Еми почнала да покажува знаци на заболување на црниот дроб, заболување често кај мечките, луѓето од зоолошката градина решиле да ја усмртат. Ова го оставило Гуф сосема сам, за првпат по деветнаесет години. И Гуф веќе извесно време се борел со болест, но загубата на Еми била премногу за него. Ова ги изненадило работниците во зоолошката градина, кои не очекувале дека ова толку тешко ќе го погоди.

mc02

Четири дена откако била усмртена Еми, неговото здравје се влошило до таа мера, што во зоолошката градина решиле да го усмртат и него.

mc03

Сподели на Facebook
пати видено