Археологијата е наука која најчесто се судира со мистерии. Некои од нив се толку сензационални што научниците одлучуваат да молчат за нив, во спротивно ја ризикуваат нивната кариера. Ова се однесува и за необични археолошки наоди, кои покажуваат дека на Земјата се смениле различни цивилизации. Како и за можноста теоријата на Чарлс Дарвин да е сосема погрешна.

Еден од нив е пронајден релативно неодамна во Калушка област, Русија. Научниците случајно обратиле внимание на необичен, мал камен. Кога го исчистиле, се покажало дека внатре во него на некој начин имало завртка со должина од околу 1 сантиметар. Секако, првото нешто што им паднало на ум во таков случај е дека штом завртката е пронајдена во внатрешноста на каменот, значи паднала таму, кога самиот камен сеуште бил мека почва. Но да се објасни тоа е многу тешко.

Палеонтолози биле категорични дека возраста на каменот и на металниот предмет, налик на завртка, е 300-320 милиони години. Внимателна хемиска анализа сведочи дека атомите на железо во минатото влегле во каменот на длабочина од еден и пол сантиметар, а нивното место било окупирано од атомите на силикон од каменот. Како резултат на тоа, се појавил овален железен „кожурец“, што е сосема разбирливо.

Каменот бил проучуван во неколку институти: палеонтолошки, зоолошки, воздухопловно-технолошки, како и го проучувале десетици специјалисти од различни области. Јасно е утврдено дека завртката паднала во карпата пред да се зацврсти – затоа, тие се на иста возраст. Не е можно да се нашола таму како резултат на експлозија, вклучувајќи и нуклеарна, бидејќи структурата на каменот не е нарушена.

Со други зборови, метална завртка пред 300 милиони години (долго пред појавувањето на диносаурусите) случајно паднала на дното на античкиот океан, а потоа се залепила цврсто во мека карпа. Кој ја „загадувал“ животната средина со метални завртки во девонскиот палеозојски период? Досега нема одговор.

Приближно на иста возраст е уште едно мистериозно откритие, откриено во јуни 1844 година, на кејот во близина на градот Твид во канадската провинција Онтарио – елегантен златен синџир во внатрешноста на карпа на длабочина од околу 2 метри. Според експертите, каменот е пред 320-360 милиони години. Кому му испаднал синџирот во тој период?

Малку подоцна, на 11 јули 1891 година, во близина на градот Морисонвил, Илиноис, златен ланец, направен од искусен златар, тежок 192 грама и долг десет сантиметри, бил откриен во рудник за јаглен. Државната геолошка служба на Илиноис официјално заклучила дека возраста на слојот на јаглен во која се наоѓал синџирот изнесува 260-320 милиони години.

Во 1983 година, Руски научници во Туркменистан пронашле отпечаток од човечко стапало во камен, заедно со стапало со три прста слично на оние на диносаурусите. Возраста на вулканска лава во која останале овие траги изнесува 15 милиони години. Исто така во државата Тексас (САД), фосилни отпечатоци од човечки траги и траги од диносауруси се пронајдени.

Во 1840-тите, делови од човечки скелети биле пронајдени во цврсти блокови од вулкански карпи во Франција и Данска. Возраста на вулканските карпи и самите коски е поставена на два милиони години. Но, овие скелети, а особено добро сочуваното чело на еден од нив, се идентични со скелетот и черепот на современиот човек.

Во 1979 година. во Танзанија откриле бројни траги од човечки нозе – идентични на нозете на современиот човек. На прв поглед, во што е проблемот? Тоа бил проблем за поддржувачите на Дарвин бидејќи трагите биле направени во почвата пред 4 милиони години. Но бидејќи ова не им одговарало на одредени археолози тие тврделе дека мајмуните едноставно ги кревале палците додека чекореле и затоа изгледаат како човечки траги.

Сепак, додека не се појави поуверлива теорија, ќе бидеме принудени да веруваме дека Дарвиновите мајмуни намерно оделе со свиткани палци за да ги имитираат трагите на луѓето кои се уште не постоеле. Никој не може со точност да каже как, каде и кога започнала „еволуцијата“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено