Турската медиумска личност неочекувано доби меѓународно признание поради погрешни причини. Наз Мила, најверојатно, ќе биде запаметена како девојката која истетовирала Гугл-преведени глупости низ целото нејзино тело.

26-годишната Мила, која потекнува од Азербејџан се прославила во ријалити и има 860.000 следбеници на Instagram. Пред неколку дена нејзините обожаватели можеле да видат фотографија од полуголата Наз, со огромна тетоважа која почнува од градите, а завршува до колената. Сѐ би било во ред доколку тетоважата би имала смисла.

Тетоважата најверојатно требала да значи: „Само Бог може да им суди на моите грешки и вистини“ (Only God can judge my mistakes and truths), популарна турска фраза. Но, наместо тоа тетоважата гласи: „Можам да судам еден бог со моите грешки и грешки“ (I can judge a single god with my wrongs and wrongs).

Очигледно, ниту Мила ниту нејзиниот тату-мајстор немале добро познавање на англискиот јазик, а фразата едноставно била ставена преку Google translate или нешто слично.

По серијата исмејувања од повеќе лингвистички компетентни луѓе, Мила ги исклучила коментарите за една од фотографиите и ја избришала другата, но не пред приказната да се прошири од турски и британски таблоиди. Значи, тука доаѓаат нејзините пет минути меѓународната слава.

Сподели на Facebook
пати видено