Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо биле многу блиски другари додека заедно играле за Барселона, но текот на нивните кариери ги заматил водите.

pep-zoze

„Постојат луѓе, многу поинтелигентни од мене, кои успеваат да продадат претстава за себеси како за сосема различни од мене, но длабоко внатре тие се исти како мене“ – Жозе Мурињо за Пеп Гвардиола. Во својата канцеларија на стадионот на Реал Мадрид во Валдебебас, Жозе Мурињо порано чувал слика од себеси, исечена на картон во реална големина. Но, таа не била таму поради суета. Сликата го прикажува Мурињо како трча со прст посочен кон небото, по победата на неговиот тим Интер врз Барселона на Пеп Гвардиола, за време на полуфиналето на Шампионската лига 2010.

0959112d000005dc-0-image-a-15_1473098702814

Токму таа победа, тој доказ дека сепак може да најде начин да го победи златниот тим на Гвардиола е причината поради која Мурињо тоа лето ја доби работата во Реал. Фотографијата му стоела како потсетник за неговата цел, да ја скрши Барселона. Очајниот порив на Мурињо да го скрши стисокот на Гвардиола врз шпанскиот фудбал предизвика длабоко и луто ривалство меѓу двајцата мажи, кое ќе продолжи оваа сабота на Олд Трафорд, преку боите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

mr07

Тие кои го познаваат Гвардиола велат дека причината неумоливиот Мурињо да ја напушти Барселона во 2012 година лежи во две сезони на непријатности и интриги во шпанскиот фудбал. Во времето кога Мурињо си заминал, Гвардиола водел во Ел Класико дербито меѓу Реал и Барселона. Сепак, се раскажува дека приватно тој признал: „Мурињо ја доби војната.“

mr03

Би било интересно да се потсетиме и за едно друго, порано поглавје во приказната за Мурињо и Гвардиола; Времето е 27 мај 1997 година и Барселона на сер Боби Робсон само што го победи Париз Сен Жермен во финалето на Европскиот победнички куп. На теренот двајца мажи се прегрнуваат. Едниот е Гвардиола, ѕвездата на Робсон, а другиот е Мурињо, повереникот и преведувач на Робсон. На Мурињо потоа му била дадена фотографијата од тој момент. Таа слика тој никогаш не ја изложил во својата канцеларија, но сепак ја чува.

„Да, сѐ уште јам имам фотографијата од таа прегратка“, изјавил Мурињо. „Бевме блиски.“

Жозе Мурињо би можел да биде менаџер на Манчестер Сити во 2012, можел да биде менаџер на Манчестер Јунајтед една година подоцна. Но, младиот Мурињо како млад многу сакал да ја добие Барселона и фактот дека место него работата ја добил помалку искусниот Пеп Гвардиола лежи во самото срце на постојано сложените односи меѓу нив двајца.

Работејќи за Боби Робсон во Ноу Камп, заминувајќи си во 2000 година, Мурињо се заколнал дека ќе се врати. „Денес и секогаш, Барса е во моето срце“, кажал тој.

Осум година подоцна, директорите на Барселона, Чики Бегиристајн и Марк Ингла го интервјуирале Мурињо во Лисабон. Мурињо им кажал дека ако го изберат да го замени Френк Рајкард, ќе го унапреди младиот Гвардиола од раководител на Б тимот на Ноу Камп во негов асистент. Згора на тоа, и самиот Гвардиола веќе го предложил Мурињо на одборот. „Жозе секогаш беше свесен дека Пеп беше важна фигура во клубот“, кажал Робсон на Патрик Барклеј за неговата биографија на Мурињо од 2011. „Тој си мислеше: `Мора да се спријателам со овој човек. Морам да го запознаам.` И го стори тоа. Тие беа доста пријателски настроени еден кон друг.“

mf06

Мурињо бил претпочитан за менаџерското место во 2008 од страна на повеќе членови на одборот, пред кандидати како Арсен Венгер и менаџерот на Виљареал, Мануел Пелегрини. Но, со оглед на тоа што на Бегиристајн и Ингла не им се допаѓала контроверзната репутација на Мурињо, тие се повеле по препораката на создателот на современата Барса, Јохан Кројф. Така, на изненадување на голем број луѓе, и самиот Гвардиола бил изненаден кога менаџерското место му било доделено нему.

„Мурињо е малку огорчен од фактот што беше одбиен“ изјавил подоцна Ингла. Мурињо можеби ќе го одрече тоа, но многумина во Каталонија би го потврдиле. Но, кога би се тргнало сето тоа на страно, хипотетичната замисла Мурињо и Гвардиола да работат заедно во Ноу Камп е фасцинантна. Прагматичарот дополнет од идеалистот. Можеби клубот за малку ја пропуштил најголемата шанса за менаџерски тим од соништата.

Сподели на Facebook
пати видено