Многу сопственици на домашни миленици би направиле сѐ за своите крзнени пријатели и би го поминале „целиот свет“ доколку ги изгубат, за да ги најдат.

Сепак оваа сопственичка на куче решила да преземе порадикални мерки само за да го најде својот изгубен најдобар пријател.

Оваа жена Вашингтон се покажа како можеби најпосветената сопственичка на кучиња на планетата; напуштајќи ја својата работа како поштенски оператор додека таа и нејзиниот сопруг поминале 57 дена во потрага по изгубеното куче. Кејти, кучето на Каролин и Верни Кинг, избегало од хотелската соба додека биле на одмор во Монтана, откако наводно се преплашило од невремето кое беснеело надвор.

Парот бил спремен да стори сѐ за да ја врати назад и спровеле вистинска „полициска истрага“ за Кејти. Кога кучето исчезнало Каролин и Верни го барале до 4 часот наутро, но безуспешно. Тие наредниот ден разделиле над 500 флаери низ округот и објавувале по социјалните мрежи. Иако не успеале да дознаат нешто за Кејти тие не губеле надеж и продолжиле да бараат.

Како што минувале деновите и неделите Каролин и верни користеле различни начини за да најдат Кејти. Дури и поставиле безопасни стапици на кои го имало нејзиното омилено јадење. Жената џогирала и возела велосипед во околината каде што Кејти се изгубила со надеж дека ќе ја намириса нејзината пот. Исто така оставале маици, кебиња и чинии на клучни локации.

Кога од работното место ѝ кажале дека не можат да ѝ дадат повеќе слободни денови Каролин едноставно дала отказ. Таа вели дека Кејти била нејзин приоритет во животот, а не работата. По 57-дневна исцрпна потрага кучето било пронајдено од луѓе од мал град во соседна држава.

Тие добиле повик дека куче кое одговара на описот на Кејти е забележано го гратчето каде што тие претходниот ден делеле флаери. Кејти била видно изгладнета и дехидрирана, но Каролин веднаш ја препознала. Тие подготвиле големо добредојде за Кејти и таа повторно е со своето семејство.

Сподели на Facebook
пати видено