Малиот Илај Томпсон се роди предвреме на 14-ти март, тежејќи само 2.9 килограми. Но тоа што најмногу ги шокира докторите беше тоа што Илај се роди БЕЗ НОС. Момченцето има ретка аномалија позната како конгенитална архинија, што предизвикува да не се формираат никакви носни канали или синусни шуплини. Неговата состојба е толку ретка што погодува само едно на секои 197 милиони бебиња.

И покрај неговата ретка состојба и предвремено раѓање, Илај е совршено здраво бебе во секој друг поглед, и Томпсони се воодушевени што нивниот син е конечно дома со нив.

Бренди, гордата мајка на Илај, постави Фејсбук страница за да го привлече вниманието кон ова ретко нарушување и да го сподели животот на син ѝ со остатокот од светот. Исто така, младите родители решиле да не го подложуваат Илај на било каква пластична операција, сѐ додека не порасне доволно за самиот да може да реши дали сака да го стори тоа. „Сѐ додека тој самиот не посака да има нос, ние не сакаме да менуваме ништо кај него.“ вели Бренди. „Ќе сториме сѐ за тој да биде среќен. Тој е совршен таков каков што е.“

Сподели на Facebook
пати видено